Службената либанска агенција „Ани“ извести дека се случиле четири израелски напади во недела навечер врз јужните предградија на Бејрут, упориштето на Хезболах кое е изложено на напади со гранати веќе неколку денови, а израелската војска објави дека целта ѝ биле магацините со оружје на Хезболах.
„Непријателските воени авиони извршија два напади врз јужните предградија, првиот беше насочен кон округот „Saint – Therese“ вториот кон округот „Бурџ – Ал – Бараџанех“, извсети „Ани, а пренесува „AFP“.
„Ани“ подоцна извести за уште два израелски напади во предградијата, вклучувајќи еден врз градот Хадах.
Во соопштението објавено ноќва, израелската војска соопшти дека нејзините авиони биле насочени кон „терористичките мети и седиштето на разузнавачката служба на Хезболах“, и „магацините со оружје“ на Хезболах во Бејрут. „По нападот се појавија секундарни експлозии, што укажува на присуство на оружје“, додаваат од војската.
Огромни експлозии
Видеоснимката на „AFP“ прикажува четири удари, од коишто два предизвикаа огромни секундарни експлозии, големи пламени како и густи облаци на црн чад.
Во текот на саботната ноќ спрема недела, јужните предградија беа погодени од повеќе од 30 удари, пренесе „Ани“, што беше една од најинтензивните бомбардирања во текот на ноќта, присилувајќи многу луѓе да ги напуштат домовите.
Јужните предградија на либанската престолнина, се изложени на редовни гранатирања особено во текот на ноќта, од страна на Израел, од почетокот на војната против Хезболах од 23 септември.
Многумина жители на јужните предградија на Бејрут избегаа на други места, откако Израел ја интензивираше својата кампања на бомбардирање на 23 септември.
Според Министерството за здравство, дванаесет луѓе беа убиени вчера во израелските напади врз Кајфун и Каматије – две села во планините со поглед кон Бејрут и нивните предградија во коишто се сместени раселените жители.
Од октомври 2023 година, повеќе од 2000 луѓе се убиени во Либан, а повеќе од 1100 луѓе загинаа од 23 септември оваа година, додека околу 1,2 милиони луѓе се раселени.