Свет нападите се интензивираа во последните недели

Нов руски напад на Харков, има загинати и ранети

Во новиот руски напад врз Харков, вториот по големина град во Украина, рано утринава загинаа двајца цивили, а седум беа ранети, објави регионалниот гувернер Олег Синегубов на Телеграм.

Нов руски напад на Харков, има загинати и ранети

Јавната телевизија „Суспилне“ јави дека е оштетена висококатница во населбата Шевченковски, а гори и продавница. Други медиуми објавија дека нападот се случил нешто по полноќ.

Претходно Синегубов соопшти за напад во Харков врз станбена зграда и ракетен напад врз село северно од градот. Нема информации за жртви во двата инцидента.

Харков, во североисточна Украина, беше честа руска цел, а нападите се интензивираа во последните недели. Во средата, во напад со беспилотно летало врз градот загинаа четири лица и беше предизвикана голема штета на станбени блокови.

Најнови вести од Свет

To top