Свет војна

Нетанјаху: Сојузниците на Иран направија грешка за која ќе зажалат

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска ги обвини „сојузниците на Иран“ дека се обиделе да го убијат него и сопругата откако дрон ја погоди неговата приватна резиденција во централниот дел на земјата.

Иранските сојузници денеска се обидоа да ме убијат мене и мојата сопруга, направија грешка за која ќе зажалат. Им кажувам на Иранците и нивните партнери од оската на злото дека секој што ќе му наштети на граѓаните на државата Израел за тоа ќе плати висока цена, посочи Нетанјаху.

И шефот на израелската дипломатија, Израел Кац истакна дека со денешниот напад врз резиденцијата на Нетанјаху, Иран го покажал правото лице.

Сојузниците на Иран, кои денеска се обидоа да го убијат премиерот Бенјамин Нетанјаху и неговото семејство уште еднаш го покажаа вистинското лице на Иран и оската на злото што тој ја води, посочи Кац.

Дрон лансиран од Либан денеска ја погоди резиденцијата на Нетанјаху во израелскиот град Цезареја. Во инцидентот никој не е повреден.

To top