Свет план

Нетанјаху го поддржа планот на Трамп за раселување на Палестинците

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека нема ништо лошо во планот на Доналд Трамп за раселување на Палестинците од Газа и нејзино претворање во „блискоисточна ривиера“. Бројни држави и групи за човекови права го осудија планот како етничко чистење, кој предвидува и американско преземање на Газа.

Во интервју за „Фокс њуз“, Нетанјаху не збореше директно за планот на Трамп, но ја поддржа идејата дека оние кои сакаат да ја напуштат Газа можат да го направат тоа.

„Нема ништо лошо во тоа. Тие можат да заминат, можат да се вратат по некое време, тие можат да се преселат и да се вратат. Но, Газа мора да се изгради одново“, кажа Нетанјаху.

Тој не верува дека Трамп би испратил трупи да се борат против Хамас и дека Вашингтон би ја финансирал обновата на Газа.

„Ова е првата добра идеја што сум ја слушнал. Тоа е извонредна идеја и мислам дека сите би требало да ја следат, истражат и спроведат, затоа што мислам дека тоа ќе создаде поинаква иднина за сите“, рече Нетанјаху.

На 25 јануари, Трамп првпат кажа дека Палестинците од Газа би требало да се преселат во соседните арапски земји, како Египет и Јордан. Тој вчера инсистираше дека на голем број влади им се допаѓа неговата идеја за американско преземање на Газа.

„САД ќе го преземат Појасот Газа и ќе завршиме добра работа таму. Ќе го поседуваме и ќе ги тргнеме сите опасни неексплодирани бомби и други оружја, ќе го расчистиме подрачјето од сите уништени згради и ќе создадеме економски развој што ќе обезбеди илјадници и илјадници работни места. Тоа ќе биде нешто со што ќе се гордее целиот Блиски Исток“, кажа Трамп на прес-конференцијата по средбата со Нетанјаху.

To top