Свет сад

Националната комисија ги одобри интервенциите на Трамп во проектот за балската сала на Белата куќа

Националната комисија за планирање на федералното земјиште во Вашингтон даде дозвола за изградбата на балската сала во Белата куќа, само неколку дена откако претходно со судско решение проектот беше стопиран.

Националната комисија ги одобри интервенциите на Трамп во проектот за балската сала на Белата куќа

Националната комисија за планирање на сојузната област Вашингтон даде дозвола за изградбата на балската сала во Белата куќа, само неколку дена откако претходно со судско решение проектот беше стопиран.

Портпарол на Агенцијата одговорна за одобрување и надзор на градежни проекти на федерална сопственост во областа Вашингтон, појасни дека одлуката на Судот од вторникот се однесувала само на градежните активности, а не на процесот на планирање.

Сепак, и покрај одобрувањето, судската одлука и тековната правна битка можат да ја забават реализацијата на проектот што Трамп сака да биде заокружен пред крајот на мандатот во почетокот на 2029 година. Балската сала е дел од низа промени што претседателот ги планира во главниот град, со цел да остави белег од периодот додека управувал со државата.

Комисијата пред да се изјасни, ги разгледала измените во дизајнот на балската сала со површина од 8.400 метри квадратни, што Трамп ги презентираше изминатиот викенд. Трамп не посочи причина за измените во проектот, додека од Белата куќа беше соопштено дека претседателот ги земал предвид забелешките на надзорните органи и на јавноста.

Проектот со зголемен опфат сега се проценува да чини 400 милиони долари.

Трамп во октомври без најава нареди уривање на дел од Источното крило на Белата куќа, каде во тек се градежни активности за подготовка на теренот за изградба и поставување подземна инсталација.

To top