Најмалку две лица се убиени, а десетици се повредени откако руски дронови го погодија украинскиот главен град Киев, објавија денеска локалните медиуми.
Најмалку 48 лица се ранети, според локалните власти. Нападите предизвикале пожари на неколку локации и оштетиле станбени згради, болница и образовен објект, според извештајот.
Репортерите на терен опишаа дека слушнале бројни експлозии за време на нападот. Украинските медиуми објавија дека паѓањето на остатоци предизвикало пожар на гасовод и неколку лица биле заробени во гаража.
Според украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко, Русија синоќа го нападнала главниот град со ракети и дронови, а најтешко биле погодени областите Свјатошински и Соломјански.
Тој на Телеграм напиша дека една од ракетите погодила станбена зграда.
Шефот на градската воена администрација на Киев, Тимур Ткаченко, рече дека нападот бил насочен кон десетици локации во украинскиот главен град, вклучувајќи и образовна институција.
Украинските вооружени сили објавија дека Русија вчера ја нападна Украина со 1.292 дронови што носеле експлозиви.