Свет

НАЈМАЛКУ 5 МРТВИ, А ДЕСЕТИЦИ ПОВРЕДЕНИ: Автобус на „Фликсбас“ се преврте во Германија, превезувал 53 патника

НАЈМАЛКУ 5 МРТВИ, А ДЕСЕТИЦИ ПОВРЕДЕНИ: Автобус на „Фликсбас“ се преврте во Германија, превезувал 53 патника

Најмалку пет лица загинаа, а околу 20 се повредени во автобуската несреќа на автопат во близина на источниот германски град Лајпциг.

Според првичните информации, има и потешко повредени.

Автобусот на европскиот превозник „Фликсбас“ се превтел на пат од Берлин за Цирих, а автопатот е затворен во двата правци. На местото на настанот беа испратени пет хеликоптери.

Во него имало 53 патници и двајца возачи, а несреќата се случила до аеродромот Лајпциг.

„Сè уште не се познати точните околности на несреќата“, соопштија од „Фликсбас“.

„Ние, секако, тесно соработуваме со локалните власти и службите за итни случаи на лице место и ќе направиме се што е во наша моќ за брзо и целосно расветлување на причините за несреќата“, велат од таму.

Официјални лица во провинцијата Саксонија изјавија дека нивните мисли се со жртвите.

Најнови вести од Свет

To top