Свет серија на силни експлозии

Најмалку 45 повредени во ракетен напад врз Киев

Најмалку 45 луѓе беа повредени во денешниот ракетен напад врз Киев каде се регистрирани серија силни експлозии, а според извештаите на западни медиуми голем број згради се оштетени.

Најмалку 45 повредени во ракетен напад врз Киев

-Осумнаесет од нив, меѓу кои и две деца се хоспитализирани, соопшти градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, додавајќи дека се оштетени згради од проектили во киевскиот кварт Днипровски.

Кличко во порака на Телеграм наведе дека жители на една зграда се евакуираат, а службите за итни случаи работат на гаснење на неколку пожари.

Теми на денот

To top