Свет

Најмалку 133 луѓе загинаа во авионската несреќа во Индија

Од вкупно 244 луѓе во авионот, 169 се Индијци, 53 Британци, еден Канаѓанец и седум Португалци. Од вкупниот број патници, 217 се возрасни, а 11 се деца.

Најмалку 133 луѓе загинаа во авионската несреќа во Индија

При падот на патничкиот авион Боинг 787-8 на „Ер Индија“, кој сообраќаше од Ахмедабад за Лондон, загинаа најмалку 133 луѓе.

Авионот на „Ер Индија“ со 232 патници и 12-члениот екипаж се урна кратко време по полетувањето од аеродромот во Ахмедабад. Авионот се урна врз објект на Медицинскиот колеџ и Цивилната болница во Ахмедабад.

Од вкупно 244 луѓе во авионот, 169 се Индијци, 53 Британци, еден Канаѓанец и седум Португалци. Од вкупниот број патници, 217 се возрасни, а 11 се деца.

To top