Свет Оштетени се инфраструктурата и зградите

Најмалку 116 лица загинаа во земјотресот во Кина

Најмалку 116 лица загинаа во силниот земјотрес во северозападна Кина, јави државната новинска агенција Ксинхуа, повикувајќи се на властите.

Најмалку 116 лица загинаа во земјотресот во Кина

Земјотресот со јачина од 6,2 степени е регистриран вчера една минута пред полноќ по локално време. Се случил на длабочина од 10 километри, со епицентар во провинцијата Гансу.

Досега е потврдена смртта на 105 лица во овој регион. Најмалку 11 лица загинале во соседната провинција Кингхаи.

Оштетени се инфраструктурата и зградите, а во неколку села е прекинато снабдувањето со електрична енергија и вода. На некои места возовите не сообраќаат.

Во провинцијата Гансу се оштетени над 4.700 згради.

Кинескиот претседател Си Џинпинг нареди голема операција за пребарување и спасување со цел да им се помогне на луѓето во погодените области.

Времето во подрачјето на земјотресот е ладно, со температура од минус 14 степени Целзиусови.

Најнови вести од Свет

To top