Свет

Националните паркови во САД го додадоа роденденот на Трамп на списокот на денови без плаќање влезници

Националните паркови во САД го додадоа роденденот на претседателот Доналд Трамп, 14 јуни, на списокот на денови во кои посетата е дозволена без плаќање влезници, на истиот датум кога се одбележува и Денот на знамето, соопшти Национална служба за паркови (НПС).

Деновите без влезници во националните паркови на САД се променети и повеќе не ги вклучуваат Денот на Мартин Лутер Кинг Џуниор и Денот на националната независност – Џунтинт, кој се одбележува на 19 јуни во знак на сеќавање на крајот на ропството во САД, само неколку недели откако администрацијата на Трамп објави дека ќе ги зголеми надоместоците за посетителите кои не се американски државјани или постојани жители, пренесоа американските медиуми.

Администрацијата на поранешниот американски претседател Џозеф Бајден претходно ги прогласи Денот на Мартин Лутер Кинг Џуниор и Денот на националната независност за денови без плаќање влезници за националните паркови.

To top