Свет

На Израел му снемува одбранбени пресретнувачи на ракети

На Израел му снемува одбранбени пресретнувачи на ракети „Ароу“, објави „Волстрит журнал“, повикувајќи се на неименуван американски функционер.

На Израел му снемува одбранбени пресретнувачи на ракети

На Израел му снемува одбранбени пресретнувачи на ракети „Аrrow“, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на неименуван американски функционер.

Системот „Аrrow“ не е единствената одбранбена мерка што се користи против иранските ракети.

САД, исто така, имаат системи за ракетна одбрана „Патриот“ и системи за воздушна одбрана на голема надморска височина на Блискиот Исток, способни да пресретнат балистички ракети.

Според агенцијата, разорувачи на американската морнарица, исто така, собориле ракети.

„Аrrow“ е горниот слој на ракетната одбрана на Израел, заедно со „Железната купола“, која ги елиминира заканите од краток дострел како што се минофрлачи и ракети. „Arrow-2“ постои со години и пресретнува балистички ракети со долг дострел. Поновата „Arrow-3“ е специјализирана за пресретнување на ракети додека тие сè уште се надвор од Земјината атмосфера.

To top