Свет светот треба повеќе да соработува

ММФ: Средбата на Бајден и Си е важен сигнал за глобалната соработка

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева, рече дека овонеделната средба меѓу претседателите на САД и Кина, Џо Бајден и Си Џинпинг, „е многу важен сигнал дека светот треба повеќе да соработува“.

„Тоа испраќа сигнал до остатокот од светот дека треба да најдеме начини да работиме заедно на оние предизвици во кои ниту една земја не може сама да успее“, рече Георгиева на маргините на самитот за Азиско-пацифичка економска соработка.

Средбата меѓу Бајден и Си е „важна во време кога гео-економската фрагментација навистина се продлабочи со негативни последици за изгледите за забрзување на растот“, рече Георгиева.

Бајден и Си во средата се договорија да ја одржуваат меѓусебната комуникација, но и да ја обноват комуникацијата меѓу двете армии и да работат заедно за да го потиснат производството на фентанил.

To top