Свет

Мерц: Европа мора да стане технолошки независна од САД и Кина

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска повика Германија и ЕУ да направат голем исчекор за повторно да ја вратат глобалната технолошка конкурентност.

Мерц: Европа мора да стане технолошки независна од САД и Кина

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска повика Германија и ЕУ да направат голем исчекор за повторно да ја вратат глобалната технолошка конкурентност.

– Не смееме да дозволиме САД и Кина сами да ја определуваат технолошката иднина – тоа е прашање на нашата благосостојба, безбедност и, на крај, слобода, изјави Мерц во Берлин, на претставувањето на владината „Високотехнолошка агенда“, чија цел е зајакнување на технолошкиот сектор во земјата.

Тој нагласи дека ЕУ отсекогаш била успешна во создавањето подобра иднина за своите граѓани, но дека во последните години станала премногу самодоволна. – Тоа може и мора да се поправи, рече германскиот канцелар.

Мерц истакна дека Германија и Унијата мора да станат технолошки независни, особено во услови на растечки судир меѓу авторитарни и либерални држави. – Сведоци сме на еднострани зависности кои се користат како политички инструмент во борбата за моќ, предупреди тој.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Германија, според Мерц, мора повторно да стане значаен глобален фактор преку лидерство во иновациите. Владата има цел да издвојува најмалку 3,5 отсто од БДП за истражување и развој до 2030 година.

Преку новата „Високотехнолошка агенда“, економската и научната политика ќе се преориентираат кон конкурентност, создавање вредност и технолошки суверенитет.

Мерц најави дека Германија ќе се фокусира на шест клучни технологии: вештачка интелигенција, квантна технологија, микроелектроника, биотехнологија, фузија и производство на енергија без емисии, како и технологии за климатски неутрална мобилност.

– Ако сакаме да бидеме водечка технолошка нација, мора да воспоставиме вистинска соработка меѓу индустријата и науката, додаде Мерц.

To top