Кина упати протестна нота до Јапонија поради насилниот упад во Кинеската амбасада во Токио и побара темелна истрага, казна за одговорните и јапонските власти да дадат објаснување за инцидентот.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џиан изјави дека маж, кој тврдел дека е активен офицер на Јапонските сили за самоодбрана утрово насилно влегол во Амбасадата.
– Лицето призна дека неговите постапки се незаконски и се закани дела ќе го убие кинескиот дипломатски персонал во име на Бога, истакна Лин.
Тој додаде дека Јапонија мора да ја гарантира безбедноста на Амбасадата и на персоналот во Амбасадата и во Конзулатот и да спречи такви инциденти.