Само во Тел Авив, како што пренесува Гардијан, на улиците излегле 100.000 луѓе. Извикувајќи „избори сега“, демонстрантите го повикаа Нетанјаху веднаш да поднесе оставка и побараа избори.
Локалните медиуми јавија дека едно лице, наводно, намерно со автомобил прегазило тројца учесници во протестите, кои се здобиле со повреди. Полицијата го привела возачот.
Митинзи беа одржани и во други градови, а лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид учествуваше на еден во Кфар Саба пред да замине во Вашингтон на разговори.
– Ништо не научија, не се сменија, рече тој и додаде: „Сè додека не ги испратиме дома, тие нема да и дадат шанса на оваа земја да оди напред“.
Демонстрации имаше и во Хаифа, Бер Шева, Херцлија и Цезареја пред приватната вила на премиерот Нетанјаху. Таму дошло до судир меѓу полицијата и демонстрантите кои се обидувале да се доближат до резиденцијата.
Протест за ослободување на заложниците на Хамас се одржа и во Ерусалим.
Поминаа точно шест месеци откако терористите на Хамас го нападнаа јужниот дел на Израел, убивајќи околу 1.200 луѓе и киднапирајќи 250 луѓе.
Според информациите, 129 лица сè уште се во рацете на Хамас.