Свет Ќе стапи во сила утре во 10 часот

Марзук: Утре во 10 часот ќе стапи во сила примирјето помеѓу Хамас и Израел

Марзук истакна дека повеќето од заложниците кои ќе бидат ослободени имаат странско државјанство, без да прецизира дали имаат и израелски пасоши.

Марзук: Утре во 10 часот ќе стапи во сила примирјето помеѓу Хамас и Израел

Официјалниот претставник на Хамас, Муса Абу Марзук во интервју за Ал Џезира изјави дека привременото примирје со Израел ќе стапи во сила утре во 10 часот.

Марзук истакна дека повеќето од заложниците кои ќе бидат ослободени имаат странско државјанство, без да прецизира дали имаат и израелски пасоши.

Претходно, шефот на израелската дипломатија Ели Коен изјави дека процесот на ослободување на заложниците од Појасот Газа ќе почне утре.

Израел и Хамас постигнаа договор за четиридневен прекин на огнот и ослободување на најмалку 50 од околу 240 заложници кои Хамас ги киднапира на 7 октомври, во замена за ослободување на 150 малолетници и жени кои се во израелските затвори.

Договорот беше одобрен во текот на ноќта од израелската Влада. (МИА)

To top