Свет франција

Макрон телефонски ргзоварал со иранскиот претседател Пезешкијан

францускиот претседател Емануел Макрон вечерва објави дека телефонски разговарал со својот ирански колега, Масуд Пезешкијан, и го повикал Иран да ги запре нападите врз други земји во регионот и да го отвори Ормускиот теснец.

Макрон телефонски ргзоварал со иранскиот претседател Пезешкијан

Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва објави дека телефонски разговарал со својот ирански колега, Масуд Пезешкијан, и го повикал Иран да ги запре нападите врз други земји во регионот и да го отвори Ормускиот теснец.

На социјалната мрежа Х, Макрон напиша дека е потребно дипломатско решение за да се стави крај на конфликтот.

Францускиот претседател разговарал и со емирот на Катар и со претседателите на Египет и Азербејџан.

Со катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани разговарале за „одбранбената воена поддршка, особено во воздушниот сектор, што Франција моментално ја организира во регионот, во корист на Катар“, преку своите бази во неколку земји во регионот.

– Катар и Франција го делат истото верување: трајна стабилност за сите мора да се постигне преку деескалација и преговори, истакнал Макрон.

Со египетскиот претседател Абдел Фатах Ал-Сиси, францускиот претседател се согласил „за важноста на обезбедувањето на поморскиот транспорт во Црвеното Море што е можно побрзо“, клучна област за глобалната трговија, особено за енергијата.

Во разговорот со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, пак, Макрон ја изразил поддршката и солидарноста на Франција  „по иранските напади насочени кон неговата земја“.

Најнови вести од Свет

To top