Свет посета

Макрон денеска ќе го посети Гренланд заедно со данската премиерка Фредериксен

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе го посети Гренланд заедно со данската премиерка Мете Фредериксен, во знак на поддршка за автономната територија и како одговор на интересот на САД за регионот, јави ДПА.

Двајцата лидери ќе разговараат со премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, за безбедноста во Северен Атлантик и Арктикот, како и за развојот на економијата, климатските промени и обновливите извори на енергија. Посетата доаѓа неколку часа пред учеството на Макрон на Самитот на Г7 во Алберта, Канада, каде што ќе присуствува и претседателот Доналд Трамп. Тензиите се зголемени откако Трамп повторно ја актуелизираше идејата за американско
преземање на Гренланд. Данска и Гренланд тоа категорично го орфрлија.

To top