Свет

Лидерот на јеменските бунтовници Хути се закани со интензивирање на нападите врз Израел

Лидерот на јеменските бунтовници Хути денеска се закани со интензивирање на нападите врз Израел, по веста дека премиерот на бунтовниците, кои се поддржани од Иран, бил убиен во израелски напади во четвртокот во Сана.

– Нападите врз Израел со дронови и ракети ќе продолжат и ќе се интензивираат, рече водачот на бунтовниците, Абделмалек ел Хути, во говор на каналот Ал Масира, додавајќи дека неодамнешните израелски напади нема да доведат до повлекување на неговото движење.

Во саботата беше потврдена смртта на премиерот на бунтовниците, Ахмад Галеб ел Рахви, и на неколку негови министри.

Рахви е највисокиот функционер на бунтовниците за кој се знае дека е убиен во нападите од почетокот на војната во Појасот Газа меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас во октомври 2023 година.

Израелската војска синоќа потврди дека го убила Рахви „заедно со други високи функционери“ во напад врз објект во Јемен во кој се сместени „високи воени и други високи функционери на терористичкиот режим на бунтовниците Хути“.

Израел со месеци врши напади врз бунтовниците во Јемен како одговор на нивните ракетни напади и напади со дронови врз израелска територија, од кои повеќето беа пресретнати од војската.

Со поддршка од Иран, кој е непријател на Израел, Хутите тврдат дека ги изведуваат овие напади во знак на солидарност со Палестинците во Појасот Газа, вклучени во војната што почна со терористичкиот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година.

To top