Свет Европска комисија

Лајен: Не може да се оправда израелската воена ескалација во Појасот Газа

Лајен упати апел до Израел „веднаш да ја запре сегашната ескалација“, да ја укине блокадата, а исто така го повика Хамас да ги ослободи преостанатите израелски заложници.

Лајен: Не може да се оправда израелската воена ескалација во Појасот Газа

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска ги критикуваше израелските воени операции во Појасот Газа.

-ЕК отсекогаш го поддржувала, и ќе продолжи да го поддржува правото на Израел на безбедност и самоодбрана, но оваа ескалација и непропорционалната употреба на сила против цивилите не можат да се оправдаат според хуманитарното и меѓународното право, наведе Лајен по телефонскиот разговор со јорданскиот крал Абдула Втори.

Таа посочи дека „израелските воени операции насочени кон цивилната инфраструктура, меѓу кои и училиште кое служело како засолниште за раселени палестински семејства, убивајќи цивили, вклучувајќи и деца, е одвратно“.

Лајен упати апел до Израел „веднаш да ја запре сегашната ескалација“, да ја укине блокадата, а исто така го повика Хамас да ги ослободи преостанатите израелски заложници.

-Посветеноста на Европа кон праведен, сеопфатен и траен мир заснован на решение за две држави останува непоколеблива, наведе Лајен. (МИА)

To top