Свет

Колумбија ја прекина продажбата на јаглен на Израел

Колумбија ја прекина продажбата на јаглен на Израел

Колумбискиот претседател Густаво Петро најави дека неговата земја наскоро ќе престане да извезува јаглен во Израел додека трае војната во Појасот Газа.

„Ќе го прекинеме извозот на јаглен во Израел додека тој не го запре геноцидот“, напиша претседателот на јужноамериканската земја во „Х“.

Во мај, тој најави прекин на дипломатските односи со Израел и за владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху рече дека „врши геноцид“ поради начинот на кој се води војната во Појасот Газа. Петро, исто така, го прекина купувањето оружје произведено од Израел, еден од главните добавувачи на безбедносните сили на јужноамериканската земја.

Најнови вести од Свет

To top