Свет Небесна Тврдина

Колку ќе чини реновирањето на авион на Трамп?

Најсложениот авион на светот добива надградба која би вредела неколку пати повеќе од оргиналната цена.

Колку ќе чини реновирањето на авион на Трамп?

Реновирањето на катарскиот 747 во новиот „Air Force One”“ за американскиот претседател Доналд Трамп би можело да чини повеќе од 1 милијарда долари и да потрае со години.

Стручните лица во авијацијата наведуваат дека “Air Force One” е најсложениот авион на светот, бидејќи треба да служи како сигурен центар за комуникација од воздух, вклучително и командување и контрола на нуклеарните оружја, и да му овозможи на претседателот да изрекува наредби на војската и владините агенции во случај на вонредна ситуација.

-Пренамената на катарскиот авион 747 во нов “Air Force One” за претседателот на САД Доналд Трамп би можело да достигне сума над една милијарда долари и да трае повеќе години, изјави стручно лице за “NBS news” .

Надградбата би се состоела од вградување на високософистицирани системи, што би ја надминала сегашната вредност од 400 милиони долари, а проектот можеби нема да биде завршен до крајот на мандатот на Трамп, кој истекува во 2029, кога се очекува авинот да биде предаден на претседателската библиотека.

-Комерцијален авион стар 13 години да го земете да го растурите, да го составите и да го дигнете на многу нисоко ниво , тоа би чинило неколку стотици милиони повеќе од неговата оргинална цена, изјави консултантот за приватно и војно воздухопловство Ричард Абоулафиа.

Сепак финансиски или практично овој план на Трамп нема смисла. Веќе некое време компанијата “Boing” подготвува план за изградба на сосема нов “Air Force One”, кои вклучува спојување на два авиони 747. Сепак и во случај на надградбата на катарскиот 747 сигурно самата компанија и би ја извршила.

За било какви сервиси, одржување или надградба на “Air Force One” може да работат само инжињери со безбедносни сертификати. Авионот целосно треба да се расклопи за проверка дали имало некои пропусти, можеби уреди за прислушување или шпионски софтвери. А потоа ќе се започне со инсталирање на нови системи за одбрана и комуникација. Последно на списокот се и простории за медицински персонал и тајната служба на Белата куќа.

To top