Кина денеска лансираше релеен сателит што ќе обезбедува комуникациски услуги меѓу Земјата и Месечината.
Ова е клучен чекор за кинеските истражувачки мисии, како што се собирање примероци од далечната страна на Месечината или откривање на Јужниот пол, пренесува кинеската новинска агенција Ксинхуа.
Сателитот Чуечијао-2 полета од базата за лансирање на вселенски летала Венчанг, во јужната кинеска провинција Хајнан, и по 24 минути се одвои од носечката ракета.
Лансирањето на сателитот е само првиот чекор, бидејќи остануваат уште неколку важни маневри за сателитот да стигне до посакуваната елипсовидна орбита на Месечината.