Свет Кинеско МНР

Кина и Јапонија постигнаа договор за испуштање на радиоактивна вода од Фукушима

Забележано е дека Кина за време на разговорите нагласила дека прво треба да се изврши независно тестирање пред „постепено“ да продолжи каков било увоз на јапонски производи од морска храна. 

Кина и Јапонија постигнаа договор за испуштање на радиоактивна вода од Фукушима

Кина и Јапонија постигнаа во август консензус за испуштање на радиоактивна вода од нуклеарната централа Фукушима, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи.

Двете страни се согласија дека Јапонија треба да воспостави долгорочен меѓународен аранжман за мониторинг и да им овозможи на заинтересираните страни да спроведат независно тестирање и мониторинг, се вели во соопштението на Министерството.

Забележано е дека Кина за време на разговорите нагласила дека прво треба да се изврши независно тестирање пред „постепено“ да продолжи каков било увоз на јапонски производи од морска храна.  (МИА)

To top