Свет

Кина ги повика Израел и Иран веднаш да ги деескалираат тензиите

Кина ги повикува Израел и Иран да преземат итни мерки за деескалација на тензиите, по израелските напади на иранска територија и одговорот на Техеран со ракетни напади.

-Ги повикуваме сите страни да преземат итни мерки за деескалација на тензиите што е можно поскоро и да спречат регионот да потоне во растечка нестабилност, изјави на редовната прес-конференција Гуо Џиакун, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи.

Тој ја нагласи потребата од создавање услови за враќање на дијалогот и преговорите за решавање на споровите меѓу двете страни.

To top