Свет украина

Киев тврди: Русија му доставувала на Иран сателитски снимки од американската база во Саудиска Арабија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руски сателити ја фотографирале американската воздушна база „Принц Султан“ во Саудиска Арабија во три наврати непосредно пред иранскиот напад на 26 март, пренесуваат американските медиуми.

Зеленски за „Ен-би-си њуз“ (NBC News) истакна дека е „100 отсто сигурен“ дека Москва му ги доставила овие разузнавачки податоци на Техеран. Според него, рускиот образец на надзор е јасен: првата снимка е подготовка, втората е симулација, а третата значи напад во рок од 48 часа. Во нападот врз базата беа ранети 10 американски војници и оштетени неколку авиони-цистерни.

Украинскиот лидер предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин има директна финансиска корист од продолжувањето на конфликтот на Блискиот Исток, особено по привременото укинување на американските санкции за руската нафта.

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи потврди дека Москва му дава воена помош на Иран „во многу правци“, додека американскиот претседател Доналд Трамп претходно отфрли загриженост, сугерирајќи дека помошта на Путин за Иран е одговор на поддршката на САД за Украина.

To top