Свет трагичен инцидент

Израелските војници по грешка отвориле оган и убиле тројца заложници

„Тоа е област каде војниците наишле на многу терористи, вклучително и бомбаши самоубијци“, додаде Хагари.

Израелските војници по грешка отвориле оган и убиле тројца заложници

Портпаролот на израелската војска, контраадмирал Даниел Хагари вечерва изјави дека за време на борбите во областа Шеџаија во северниот дел на Појасот Газа, војниците по грешка идентификувале тројца израелски заложници како закана, пукале и ги убиле.

Тој рече дека тоа е „трагичен инцидент за кој одговорност сносат Израелските одбранбени сили (ИДФ).

„Тоа е област каде војниците наишле на многу терористи, вклучително и бомбаши самоубијци“, додаде Хагари.

To top