Свет ИДФ

Израелската армија тврди дека убила помалку од десет луѓе

Израелските одбранбени сили (ИДФ) тврдат дека десетици Палестинци, кои трчале по последниот камион од хуманитарниот конвој, во еден момент почнале да се движат кон израелски воен контролен пункт.

Израелската армија тврди дека убила помалку од десет луѓе

Резултатите од прелиминарната истрага на израелската армија покажуваат дека во денешниот инцидент при транспортот на хуманитарна помош во Појасот Газа убиени се помалку од десет луѓе, објавија израелските медиуми.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) тврдат дека десетици Палестинци, кои трчале по последниот камион од хуманитарниот конвој, во еден момент почнале да се движат кон израелски воен контролен пункт.

– Офицерот стациониран во областа им нареди на војниците да испукаат предупредувачки истрели во воздух бидејќи Палестинците беа на оддалеченост од неколку десетици метри, како и да пукаат во нозете на оние кои продолжија да се движат кон војниците, се наведува во прелиминарниот извештај од истрагата.

Исто така се посочува дека по инцидентот некои од камионите продолжиле да се движат кон север, каде наводно вооружени лица отвориле оган врз конвојот и го ограбиле.

Претходно, Министерство за здравство во Појасот Газа соопшти дека бројот на загинати луѓе, додека чекале хуманитарна помош, се искачи на 112, додека повредени се 760 луѓе. Во соопштението се наведува дека сè уште се извлекуваат жртвите од местото на нападот.

Поврзани теми

To top