Фудбал

Баерн Минхен го враќа Ханси Флик

Баерн Минхен го враќа Ханси Флик

Баерн Минхен сака да го врати Ханси Флик за тренер следната сезона. 59-годишниот стратег е без работа, откако во септември минатата година беше отпуштен од функцијата селектор на Германија по лошите резултати со Бундес-тимот.

Според информациите, во последните неколку часа се водат конкретни преговори меѓу раководството на Баерн и агентите на стратегот.

Флик ја изразил својата основна желба да се врати во Баерн. Има уште многу работи што треба да се случат, а Баерн сѐ уште размислува за други опции, но во моментов планот на клубот е да го врати Ханси Флик како тренер во баварскиот клуб.

To top