Свет Нацистички закани

Израелците ја уапсиле Ахед Тамими: Се заканувала дека ќе ја пие крвта на Евреите и дека тоа што го направил Хитлер ќе биде шега

Ќе ве заколеме, а вие ќе кажете дека тоа што Хитлер го направил била шега

Израелците ја уапсиле Ахед Тамими: Се заканувала дека ќе ја пие крвта на Евреите и дека тоа што го направил Хитлер ќе биде шега

Израелската војска денеска ја уапсила Ахед Тамими, еден од симболите на палестинскиот отпор, во градот Наби Салех на Западниот брег, потврдила нејзината мајка.

„Ахед е уапсена во текот на рацијата на нашата куќа“, рекла Нариман Тамими.

Навела дека израелските сили ја претресле куќата и ги заплениле мобилните телефони на семејството.

Палестинската политичка активистка и приврзаничка на Хамас, Ахед Тамими повикала претходно на убиство на доселениците на Западниот брег во објавата на Инстаграм во понеделникот, јавуваат израелските медиуми.

„Ве чекаме во сите градови на Западниот брег, од Хеброн до Јенин – ќе ве заколеме, а вие ќе кажете дека тоа што Хитлер го направил била шега“, напишала таа на социјалните мрежи. „Ќе ви ја пиеме крвта и ќе ви го јадеме черепот. Дојдете, ве чекаме“.

Во март 2018-та година Тамими е осудена по четири точки на обвинението за напад на службеник и војник на „IDF“, попречување на силите на „IDF“, и осудена е на осум затвор и осум месеци условна казна. Ослободена е на 29-ти јули 2018-ма, откако отслужила целосна затворска казна.

Оваа 21-годишна девојка станала позната по дистрибуцијата на видеа и фотографии на кои напаѓала војници на „IDF“ во неколку инциденти во своето родно село Наби Салех.

На Ахед во 2012-та година во Истанбул и била врачена наградата за храброст Ханзала поради спротивставување на израелските војници кои го приведувале нејзиниот брат. Нејзиниот случај привлекол големо меѓународно внимание, а организацијата „Amnesty International“ Ал-Тамими ја нарекла палестинска Роза Паркс, афро-американска активистка за човекови права и кројачка.

To top