Свет

Израел испраќа делегација во Каиро за преговори за прекин на огнот

Израелска делегација денеска отпатува во Каиро на нови разговори со американски, катарски и египетски претставници за договорот за прекин на огнот во Газа, кој вклучува ослободување на израелските заложници од заробеништво на Хамас, соопштија израелските власти.

Израел испраќа делегација во Каиро за преговори за прекин на огнот

Шефот на израелското разузнавање Мосад Давид Барнеа и шефот на израелската безбедност Ронен Бар ќе се сретнат со директорот на ЦИА Ричард Барнс, додадоа официјални лица.

На нив ќе им се придружи и катарскиот премиер Мохамед бин Абделрахман Ал-Тани, кој е и министер за надворешни работи и претходно преговараше за неколку договори за прекин на огнот во Газа.

Во оваа фаза не е планирано пристигнување на делегација на Хамас во Каиро за да учествува во тие индиректни дискусии спонзорирани од Катар и Египет, изјави официјален претставник на палестинската организација.

Хамас во четвртокот соопшти дека останува „отворен за преговори за прекин на огнот и покрај тоа што Израел ги отфрли неговите најнови предлози“, пренесува Бета.

Палестинските власти споменаа можен шестнеделен прекин на огнот што ќе овозможи разговори за размена на заложници држени во Газа за палестински жени и деца во израелските затвори.

Повеќе од 1.160 луѓе, повеќето цивили, беа убиени во нападите на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври. Тој ден беа киднапирани и околу 250 луѓе.

Благодарение на седумдневното примирје на крајот на ноември беа ослободени 105 заложници во замена за 240 Палестинци во израелските затвори.

Според Израел, околу 130 заложници се уште се во Газа, од кои за 29 се верува дека се мртви.

Во израелската офанзива започната во знак на одмазда, според Хамас, во Газа беа убиени 28.473 Палестинци, од кои повеќето цивили.

To top