Свет интензивно бомбардирање

Израел го засили бомбардирањето врз Газа

Израелските тенкови и авиони го интензивираа бомбардирањето на северниот дел на Појасот Газа, како и на Кан Јунис и Рафах на југот на палестинската енклава, јавува „Ројтерс“, повикувајќи се на изјави на локалните жители, властите и медиумите.

Четири лица, меѓу кои две деца, загинаа, а неколку се ранети во израелски воздушен напад врз куќа во Кан Јунис рано утринава, соопштија палестинските здравствени власти.

Официјалната палестинска новинска агенција ВАФА објави дека десетици луѓе се убиени или повредени во израелските воздушни напади врз Кан Јунис и Рафа во текот на ноќта.

Еден од ударите погодил станбен блок во близина на кувајтската болница во Рафа.

Портпаролот на Хамас: Тунелите во Газа се изградени за да издржат впумпување на вода

Хамас ги изгради своите тунели во Појасот Газа за да можат да ги издржат евентуалните обиди да се впумпа вода во нив, изјави Осама Хамдан, портпарол на палестинската милитантна група.

На прес-конференција во Бејрут тој ги коментираше претходните медиумски извештаи дека израелските сили размислуваат да впумпаат вода во тунелите на Хамас во Газа. Тој рече дека тунелите ги изградиле добро обучени инженери кои ги разгледале сите можни напади, вклучително и впумпување на вода, пренесе Си-Ен-Ен.

Некои медиуми претходно објавија дека Израел ги информирал САД дека размислуваат да започнат да впумпуваат морска вода во некои од тунелите на Хамас, како дел од борбата против палестинската милитантна група.

To top