Свет

Итна седница на СБ на ОН за израелскиот напад на Иран

Советот за безбедност на ОН денеска ќе одржи итна седница на барање на иранската мисија поради израелскиот напад врз Иран ноќта меѓу петокот и саботата, објави вчера швајцарскиот претставник, кој во моментов претседава со СБ на ОН.

Швајцарската мисија во ОН соопшти дека средбата ја побарал Иран со поддршка на Алжир, Кина и Русија. Претходно денеска, иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи во писмо до генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш го повтори повикот за итна седница на Советот за безбедност на ОН и рече дека Иран го задржува правото да одговори на „криминалната агресија“ на Израел.

Закажување итна седница на Советот за безбедност на ОН поради израелските напади врз Иран во саботата побара иранската мисија во Обединетите нации. Израелската армија го нападна Иран ноќта меѓу петокот и саботата, а за време на нападот, кој траеше пет часа, мета беа 20 цели во таа земја, а загинаа четворица војници.

Серија експлозии се слушнаа во околината на Техеран веднаш откако израелската војска објави дека се вршат напади врз воени цели во Иран како одмазда за нападот на Иран врз Израел на 1 октомври.

To top