Свет изјава

Иран сака договор, но јас не сакам – условите сè уште не се доволно добри, вели Трамп

Иако одби да каже за какви услови станува збор, Трамп посочи дека откажувањето на Иран од било какви нуклеарни амбиции, би било дел од потенцијалниот договор.

Иран сака договор, но јас не сакам – условите сè уште не се доволно добри, вели Трамп

Иако одби да каже за какви услови станува збор, Трамп посочи дека откажувањето на Иран од било какви нуклеарни амбиции, би било дел од потенцијалниот договор.

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека САД не се подготвени да склучат договор за завршување на војната со Иран. Во интервју за Ен-Би-Си тој оценува дека сè уште нема услови за такво нешто. Иако одби да каже за какви услови станува збор, Трамп посочи дека откажувањето на Иран од било какви нуклеарни амбиции, би било дел од потенцијалниот договор.

„Иран сака договор, но јас не сакам да го склучам, бидејќи условите сè уште не се доволно добри“, кажа Трамп.

Трамп во интервјуто повтори и дека неколку земји се обврзале да помогнат во обезбедувањето на Ормутскиот теснец, но одби да ги именува.

Претходно, во објава на неговата платформа Трут сошал Трамп напиша дека многу земји ќе испратат воени бродови за да се осигурат дека Ормускиот Теснец останува отворен. Тој порача дека очекува оти Кина, Франција, Јапонија, Јужна Кореја, Велика Британија и други земји ќе испратат бродови во овој клучен поморски канал за Иран веќе да не претставува закана.

Трамп исто така рече и дека САД „целосно го срушиле“ островот Харг, кој е клучен за извоз на иранска нафта, но додаде дека се можни повторни напади „само за забава“.

Тој исто така ги отфрли стравувањата за зголемувањето на цените на нафтата, бидејќи според него, има доволно, а пречките како што рече „ќе се отстранат наскоро“.

To top