Иранската армија објави дека денеска соборила 10 напредни дронови низ целата земја, со што вкупниот број на соборени дронови досега се искачи на 22. Повеќето од нив, според иранските официјални лица, биле дронови „Хермес“ за кои се тврди дека им припаѓале на израелските и американските сили.
Иранските власти јасно ставаат до знаење дека ова е момент на целосен отпор. Тие велат дека имаат намера да возвратат што е можно посилно и инсистираат дека сè уште не ги распоредиле своите најмоќни воени капацитети, вклучително и некои од нивните напредни ракетни системи.
Службениците предупредуваат дека и САД и Израел ќе платат и она што го опишуваат како „висока цена“ во наредните денови.
Тие исто така го опишуваат овој конфликт како различен од претходните конфронтации. Иранските лидери го карактеризираат како егзистенцијална војна – војна во која, велат тие, нема да има повлекување, компромис и предавање сè додека Иран не ја покаже својата способност да се брани и да го зачува она што го нарекува свое достоинство и независност. (МИА)