Свет Шахрам Ирани

Иран, Кина и Русија ќе одржат заеднички поморски вежби до крајот на март

Минатата година во март Русија, Кина и Иран спроведоа трилатерални вежби наречени „Поморски безбедносен појас 2023“ во Арапското Море, во близина на иранското пристаниште Чабахар. 

Иран, Кина и Русија ќе одржат заеднички поморски вежби до крајот на март

Иран, Кина и Русија ќе одржат заеднички поморски вежби пред крајот на март, најави командантот на иранската морнарица, контраадмирал Шахрам Ирани.

„Ги покануваме другите земји да учествуваат во поморските вежби на Иран, Кина и Русија, кои ќе се одржат пред крајот на март“, рече Ирани.

Тој изјави дека претстојната вежба на трите земји има за цел да обезбеди регионална безбедност, пренесува Тас, повикувајќи се на агенцијата Тасним.

Минатата година во март Русија, Кина и Иран спроведоа трилатерални вежби наречени „Поморски безбедносен појас 2023“ во Арапското Море, во близина на иранското пристаниште Чабахар.  (МИА)

Најнови вести од Свет

To top