Свет ONS

Инфлацијата во Велика Британија во февруари се намали на 3,4 отсто, што е најниско ниво од септември 2021 година

Резултатите за февруари беа подобри од очекувањата на пазарите, кои предвидуваа инфлација од 3,5 отсто.

Инфлацијата во Велика Британија во февруари се намали на 3,4 отсто, што е најниско ниво од септември 2021 година

Годишната стапка на инфлацијата во Велика Британија се намали од јануарските 4 отсто на 3,4 отсто во февруари и беше најниска од септември 2021 година, објави денеска на својата веб-страница британската канцеларија за национална статистика (ONS).

Резултатите за февруари беа подобри од очекувањата на пазарите, кои предвидуваа инфлација од 3,5 отсто.

Цените во рестораните и хотелите се зголемени за шест отсто на годишно ниво, услугите за рекреација и култура за 5,4 отсто, но и во двата наведени случаи растот беше побавен отколку во јануари.

Годишната стапка на базичната инфлација во Велика Британија се намали во февруари се намали од јануарските 5,1 отсто на 4,5 отсто и сега е најниска од јануари 2022 година. (МИА)

To top