Повлечени се во понеделникот информациите според кои Франција и Велика Британија ѝ дозволиле на Украина за изведување удари врз цели длабоко на територијата на Русија со ракетите со долг дострел SCALP и Storm Shadow кои двете земји му ги испорачуваат на Киев, како што беше објавено на интернет страницата на весникот Le Figaro во неделата вечерта.
Веста беше во контекстот на објавите неколку часа претходно во весникот The New York Times и агенцијата Reuters, во кои повикувајќи се на извори од администрацијата во Вашингтон, американскиот претседател два месеца пред зминување од должноста Џо Бајден му дал согласност на украинскиот претседател Володомир Зеленски напади врз цели длабокона територијатана Русија со тактичките балистички ракети со долгдострел ATACMS со коишто САД јас снабдуваат украинската армија.
„Французите и Британците ѝ дадоа дозвола на Украина да удри длабоко во руска територија користејќи ги нивните ракети SCALP/Storm Shadow“. По ажурирањето, се наведува само во врска со информациите на The New York Times и AFP дека Бајден ѝ дозволил на Украина да користи американски ракети со долг дострел за да изведува напади длабоко во руска територија.
Белата куќа, Пентагон и Стејт департментот досега одбија да одговорат на барањата на медиумите за коментар, а и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, сѐ уште не ја коментираа информацијата којашто претходно во неделата доцна попладнето по средноевропско време ја објавија американските медиуми.
Според претставниците на администрацијата во Вашингтон, првите удари во длабочина на Русија со ракетите ATACMS, веројатно ќе бидат изведени следните денови. Одлуката, по претходно ограничување на таквото користење на американските ракети, наводно Бајден ја донел по наводното и никогаш недокажано распоредување на „десет илјади“ севернокорејски војници во руската погранична област Курск кои наводно веќе стапиле во борби со украинските единици кои продреа во оваа област.
Уште на 12-ти септември, рускиот претседател Владимир Путин посочи дека евентуалната одлука за употреба на западно оружје со долг дострел против Руската Федерација нема да значи ништо друго освен најдиректно учество на САД и другите земји од НАТО во војната во Украина.
„Тоа значително ќе ја промени самата суштина и природа на овој конфликт, а Руската Федерација ќе донесе соодветни одлуки врз основа на заканите што ќе ѝ се наметнат“, предупреди тогаш рускиот претседател и нагласи дека Украина, без помош на Западот, не е во состојба да изврши удари длабоко на руската територија, бидејќи за тоа се потребни разузнавачки податоци од сателити и координати за летовите на проектилите, како и обучен специјалистички кадар за управување со овие софистицирани системи.