Свет

ИНДИЈА: Штрајк на лекарите поради силување и убиство на докторка

ИНДИЈА: Штрајк на лекарите поради силување и убиство на докторка

Лекарите во државните болници во Индија стапија во штрајк на неодредено време во знак на протест поради силувањето и убиството на една лекарка.

Лекарите бараат да биде задоволена правдата во случајот со убиената лекарка, како и поголема безбедност на работното место.

Телото на 31-годишната лекарка пронајдено е на 9 август во државната болница во Калкута, во индиската држава Западен Бенгал. Обдукцијата потврди дека таа била силувана и убиена. Полицијата уапси маж кој работел во истата болница како и жртвата. Тој им пружал помош на пациентите во чекалните.

Штрајкот почна во Калкута, а потоа се прошири во цела Индија. Итните интервенции не се стопирани и покрај штрајкот на лекарите.

Сексуалното насилство врз жените е широко распространето во Индија. Во земјата со 1,4 милијарди луѓе во 2022 година дневно се пријавувале речиси 90 силувања.

To top