Свет ОН

Илјадници луѓе раселени поради борбите на границата меѓу Судан и Јужен Судан

Хуманитарната организација „Спасете ги децата“ соопшти дека имало случаи на грабеж на залихи на храна и лекови од еден од нејзините магацини.

Илјадници луѓе раселени поради борбите на границата меѓу Судан и Јужен Судан

Хуманитарните агенции денеска предупредија дека судирите во регионот богат со нафта Абијеј, на границата меѓу Судан и Јужен Судан, во последните две недели доведоа до масовно раселување на локалното население и дека во исто време сите обиди да се дистрибуира помош се спречени, јави Би-Би-Си.

Се проценува дека во конфликтите досега загинале повеќе од 100 луѓе, меѓу кои и членови на мировната мисија на ОН.

И Судан и Јужен Судан имаат право на спорниот регион Абијеј. Конфликтите се поврзани со борбите меѓу ривалските фракции на етничката група Динка – наречени Нгок и Твик.

САД, Велика Британија и Норвешка ја повикаа владата на Јужен Судан да ги пронајде одговорните за нападите во областа.

Хуманитарната организација „Спасете ги децата“ соопшти дека имало случаи на грабеж на залихи на храна и лекови од еден од нејзините магацини.

ОН објавија дека повеќе од 2.200 луѓе, главно жени и деца, се сместени во нивниот камп во Румајак, кој се наоѓа на околу седум километри северно од градот Абијеј. (МИА)

Најнови вести од Свет

To top