Свет

Хасани: Албанија го поддржува правото на Израел да ги заштити своите граѓани од вистински закани

-Албанија го потврдува правото на Израел да ја одржува својата безбедност и да ги штити своите граѓани од вистински закани. Во исто време, го повикуваме Иран да ги запре своите нуклеарни и балистички ракетни активности и да дејствува во целосна согласност со своите обврски според меѓународното право, вклучително и Договорот за неширење на нуклеарно оружје, рече Хасани.

Хасани: Албанија  го поддржува правото на Израел да ги заштити своите граѓани од вистински закани

Албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, осврнувајќи се на тензиите на Блискиот Исток и вооружениот конфликт меѓу Израел и Иран, ја потврди поддршката на Албанија за „правото на Израел да ги заштити своите граѓани од вистински закани”.

-Албанија го потврдува правото на Израел да ја одржува својата безбедност и да ги штити своите граѓани од вистински закани. Во исто време, го повикуваме Иран да ги запре своите нуклеарни и балистички ракетни активности и да дејствува во целосна согласност со своите обврски според меѓународното право, вклучително и Договорот за неширење на нуклеарно оружје, рече Хасани.

Тој нагласи дека Иран е тој што мора да ја запре својата нуклеарна активност и дека Тел Авив има право на самоодбрана. Оцени дека употребата или развојот на нуклеарно оружје би имало катастрофални последици во регионот и пошироко.

-Во овој контекст, Албанија ги повикува сите страни да се посветат на намалување на тензиите и да се вклучат во одржливо политичко решение, нагласи Хасани.

Тој изрази голема загриженост од ескалацијата на ситуацијата, оценувајќи го како
сериозен ризик за пошироката регионална стабилност со глобални последици.

Најнови вести од Свет

To top