Свет дополнителна храна и хуманитарна помош за Газа

Хамас: Илјада кутии лекови за Палестинците за секоја купена кутија за заложници

Високиот функционер на Хамас Муса Абу Марзук најави дека за секоја купена кутија со лекови за заложниците ќе бидат испратени 1.000 кутии за палестинските цивили.

Хамас: Илјада кутии лекови за Палестинците за секоја купена кутија за заложници

Палестинското исламистичко движење Хамас денеска откри повеќе детали за договорот постигнат со посредство на Катар и Франција за испорака на лекови за израелските заложници што се држат во Газа.

Високиот функционер на Хамас Муса Абу Марзук најави дека за секоја купена кутија со лекови за заложниците ќе бидат испратени 1.000 кутии за палестинските цивили.

Тој на платформата Х напиша дека Меѓународниот комитет на Црвениот крст ќе ги достави сите лекови, 140 видови, вклучително и оние наменети за заложниците во четири болници во Газа.

Договорот вклучува и испорака на дополнителна храна и хуманитарна помош за Газа.

Абу Марзук предупреди дека израелските власти нема да имаат начин да ги потврдат пратките.

Тој исто така објави дека Хамас инсистирал Катар да ги обезбеди лековите, а не Франција, бидејќи таа земја го поддржува Израел.

Израелските медиуми јавија дека Абу Марзук оценил и дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „повторно лаже и го мами својот народ“ и оти Хамас издејствувал да се склучи договорот.

Тоа е прв договор меѓу завојуваните страни по седумдневниот прекин на огнот на крајот на ноември.

Франција, наводно, работи од октомври на договор со кој ќе се обезбеди тримесечна набавка на лекови за 45-те заложници кои страдаат од хронични болести, како и други лекови и витамини.

На 7 октомври, палестинските екстремисти предводени од Хамас киднапираа околу 250 луѓе на југот на Израел и ги одведоа во Појасот Газа, а околу половина од киднапираните сè уште се притворени. За време на примирјето во ноември беа ослободени околу 100 заложници.

Најнови вести од Свет

To top