Свет порака за мир

Градоначалниците на Атина и Витлеем повикаа веднаш да прекине војната во Газа

Децата во Газа гладуваат и сакам од овде, заедно да испратиме порака до целиот свет дека оваа војна треба да престане, оваа војна треба да заврши. Сега, не утре, порача градоначалникот на Витлеем, Махер Никола Канавати на денешната прес-конференција во општина Атина, што ја организираа заедно со атинскиот градоначалник Харис Дукас, јави дописничката на МИА од Атина.

Витлеем и Атина се побратимени градови речиси 40 години, а двајцата градоначалници заедно ја повторија нивната порака дека „геноцидот и војната во Газа треба веднаш да запрат“.

Канавати истакна дека во овој момент поканата од општина Атина значи многу „за луѓето од Витлеем и од Палестина без разлика дали се во Газа или на Западниот брег“ и детално говореше за ситуацијата во Газа.

– Сите знаат што се случува во Газа, но би сакал да кажам дека децата гладуваат, населби се уништуваат, нема вода, нема струја, не постојат лекови, а нема ни болници. Во Витлеем, што е далеку од катастрофалната ситуација во Газа и геноцидот што сите го гледаме со свои очи, ситуацијата е исто така лоша, со оглед на тоа што од почетокот на војната сè е затворено, невработеноста е зголемена, објасни градоначалникот на Витлеем, додавајќи дека „сè се распаѓа и во неговиот град“.

За Газа рече дека е потребна повеќе хуманитарна помош, но она што е важно е „пред сè да се стави крај на војната“.

To top