Свет

Германија: Најмалку четири лица загинаа во сообраќајки предизвикани од снег и мраз

Германија: Најмалку четири лица загинаа во сообраќајки предизвикани од снег и мраз

Снегот и мразот што денеска зафатија поголем дел од Германија предизвикаа повеќе сообраќајни несреќи во кои загинаа најмалку четири лица, додека воздушниот сообраќај беше во прекин на аеродромот во Минхен.

На автопат во јужна Баварија двајца мажи загинаа кога нивното возило се судрило со камион поради замрзнат дожд кој го направил патот многу лизгав.

Замрзнатиот дожд предизвика други, помалку опасни несреќи во регионот на Минхен, кој е зафатен од рекордни снежни врнежи кои го парализираа градот од саботата.

Во источна Германија, во Саксонија, автобус удрил во возило за чистење снег, а потоа во дрво, при што загинало 10-годишно дете кое било во автобусот. Возачот и еден сопатник се тешко повредени.

Во југозападната покраина Баден-Виртемберг, возач загина кога удрил во автобус.

ообраќајот на аеродромот во Минхен, вториот по големина во земјата, и денеска е често во прекин. Летовите на тој аеродром беа прекинати во поголемиот дел од викендот поради снег, а денеска повторно беа во прекин на неколку часа поради мраз.

„Сè уште има многу сериозни прекини на воздушниот сообраќај“, беше објавено вечерва на веб-страницата на аеродромот. Се посочува дека програмата за летови е значително намалена поради екстремните временски услови.

Откажувањата на летови се трупаат од саботата на тој аеродром, преку кој се остваруваат многу долги врски на Луфтханза, за што на своите социјални мрежи пишуваат многу патници блокирани во странство.

To top