Свет борба против шверцот и миграцијата

Германија ја продолжува контролата на границите со Полска, Чешка и Швајцарија

Германското Министерство за внатрешни работи денеска најави продолжување на контролите на границите со Полска, Чешка и Швајцарија до средината на март 2024 година, како дел од борбата на Берлин против шверцот и ограничувањето на нерегуларната миграција.

Германија ја продолжува контролата на границите со Полска, Чешка и Швајцарија

„Европскиот закон го предвидува овој пристап чекор по чекор. Тоа значи дека федералната полиција може да продолжи флексибилно да го распоредува целиот пакет стационарни и мобилни мерки на граничната полиција“, изјави германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер, пренесе бриселскиот портал Политико.

Според неа, германската борба против бескрупулозното дејствување на шверцерите, кои брутално ги загрозуваат животите на луѓето, е успешна. Од средината на октомври, федералната полиција уапси околу 340 шверцери како дел од контролите на внатрешните граници, додаде таа.

Фезер рече дека бројот на неовластени влегувања низ целата земја е намален за повеќе од 60 отсто откако беа воведени привремените гранични контроли во октомври, од повеќе од 20.000 во октомври на околу 7.300 во ноември.

Кон крајот на септември, Германија воведе контроли на границите со Полска и Чешка, поради зголемениот притисок за да го запре приливот на баратели на азил.

Најнови вести од Свет

To top