Германија го поедностави извозот на одредена опрема за воздушна и поморска одбрана во земјите од Персискиот Залив и Украина, со цел испораките да пристигнуваат побрзо, соопшти денеска германското Министерство за економија.
Германската министерка за економија, Катерина Рајхе изјави дека „неселективните напади на Иран врз земјите од (Персискиот) Залив доведоа до итна потреба од воени средства, особено за воздушна одбрана“.
Според неа, „новата привремена лиценца овозможува прилагодување на процедурите за контрола на извозот на оружје за да се задоволат овие нови потреби“.