Ватикан објави серија фотографии од папата Франциск во отворен ковчег.
Фотографиите, направени во понеделник и објавени утрово, го прикажуваат 88-годишниот папа неколку часа по неговата смрт за време на обредот на Потврда на смртта на папата.
На една слика, Кевин Фарел, камерленго кој ќе ја надгледува Светата столица додека не се избере нов папа, може да се види како го благословува Франциск.

Ватикан вчера вечерта официјално ја објави причината за смрт на папата Франциск кој се упокоил како последица на мозочен удар поради кој паднал во кома, по што следувал срцев удар.
Кардиналите утринава се состануваат за да го одредат датумот за погребот на Франциск, започнувајќи процес што ќе кулминира со избор на нов папа за три недели.

Кардиналите пристигнуваат на портата на Сент Уфицио на нивниот прв состанок по смртта на папата Франциск. Меѓу другите теми што веројатно ќе ги дискутираат кардиналите – од кои некои се со седиште во Ватикан – ќе биде погребот на покојниот папа и претстојниот процес на избор за следниот папа.