Свет германија

ФОТО: Писмо на девојче до Дедо Мраз ја крена полицијата на нозе, откриен ужас

Девојче од Долна Саксонија, Германија, побарала од Дедо Мраз да го спречи нејзиниот дедо сексуално да ја злоставува неа, нејзините двајца браќа, сестра и мајка.

ФОТО: Писмо на девојче до Дедо Мраз ја крена полицијата на нозе, откриен ужас

Неименувано девојче од Долна Саксонија испратила вознемирувачко писмо до Дедо Мраз заедно со застрашувачки цртеж на кој се прикажани деца во неволја на адресата на инфлуенсерот Александар Шенен (34) од Вестфалија (Северна Рајна) во Германија.

Заедно со својот тим, Шанен пренаменил магацин од 1.000 метри квадратни во „Божиќна фабрика“ со идеја да ги испрати бараните подароци на децата кои му пишуваат писмо на Дедо Мраз.

Едно од писмата добиени на адресата „Veihnachtsmann & Co. KG Fabrik“ било од девојче кое било малтретирано од нејзиниот дедо (67). Жртви, како што напишала, не биле само таа, нејзините брат и сестра, туку и нивната мајка. Како што се утврди, децата се на 10, 12 и 14 години, а злоставувањето траело најмалку три години.

Таа побарала нејзиниот дедо да биде казнет „за она што го направи на мајка ми, моите брат и сестра и мене“.

„Би сакале да разбере дека тоа што го направи е погрешно… и никогаш повеќе да не допира – одвратно е, напишало девојчето.

Врз основа на нејзините зборови, може да се заклучи дека жртва на насилникот е и мајката, која има 32 години и му е снаа на злосторникот. На цртежот испратен од детето заедно со писмото се гледаат три деца во солзи со нивниот дедо на средина.

Screenshot

Александар и неговиот тим биле згрозени од писмото на оваа девојче.

-Кога го прочитавме тоа, одеднаш сè запре. Како некој да го притиснал копчето за стоп. Тоа беше момент на шок, вели инфлуенсерот Александар.

Веднаш повикале полиција која против мажот покренала постапка за сексуална злоупотреба. Според извештаите, неименуваната мајка потврдила дека содржината на писмото на детето е точна. Според Билд, полицајците кои отишле во куќата на девојчето наводно рекле:

-Тука сме затоа што децата му пишаа на Дедо Мраз дека ги малтретира…, рекле од полицијата.

Во меѓувреме, мајката на девојчето го пријавила 67-годишниот кој во јуни беше осуден за сексуален престап, објавија бројни германски медиуми.

Осомничениот засега не се огласил.

Писмото на девојчето во целост

„Драг Дедо Мраз,

Се надевам дека сте добро и ќе имате многу радост во вашата работилница. Знам дека сте многу зафатени со читање писма во моментов. Не сакам многу работи, само една што е многу важна за мене и за моето семејство. Мојата најголема желба е дедо ми да биде казнет за тоа што и го направи на мајка ми, на моите брат и сестра и мене. Посакуваме да сфати што згрешил и да престане повторно да не повредува. Би било многу убаво кога би можеле повторно да се смееме како порано и само да заборавиме на се што нè повредило. Друга желба би била еднаш да ја посетиме вашата работилница. Многу би нè израдувало да видиме како се направени сите подароци“.

To top