Свет Пленарна сесија

Фон дер Лајен: ЕК ќе донесе одлука да му препорача на Советот на ЕУ отворање на преговорите со БиХ

„Ова е причината зошто ќе донесеме одлука да му препорачаме на Советот отворање на пристапните преговори со Босна и Херцеговина. Пораката што доаѓа од БиХ е јасна. Нашата порака исто така мора да биде јасна – иднината на Босна и Херцеговина е во нашата заедница“, рече Фон дер Баркинг. 

Фон дер Лајен: ЕК ќе донесе одлука да му препорача на Советот на ЕУ отворање на преговорите со БиХ

Европската комисија ќе донесе одлука да му препорача на Советот на ЕУ да ги отвори преговорите со Босна и Херцеговина, најави денеска претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.

Фон дер Лајен, за време на пленарната сесија на Европскиот парламент посветена на подготовката за состанокот на Европскиот совет на крајот на март, рече дека БиХ, откако го добила кандидатскиот статус, постигнала импресивни чекори во однос на напредокот и покажала дека може да ги исполни критериумите за членство во ЕУ и постапува во согласност со желбата на граѓаните да бидат дел од ЕУ.

„Ова е причината зошто ќе донесеме одлука да му препорачаме на Советот отворање на пристапните преговори со Босна и Херцеговина. Пораката што доаѓа од БиХ е јасна. Нашата порака исто така мора да биде јасна – иднината на Босна и Херцеговина е во нашата заедница“, рече Фон дер Баркинг.  (МИА)

To top